• четврток, 26 декември 2024

Дванаесет години затвор за рускиот професор кој уби студентка

Дванаесет години затвор за рускиот професор кој уби студентка
Москва, 25 декември 2020 (МИА) - Судот го осуди на 12 годинии затвор професорот по историја Олег Соколов од Државниот универзитет во Санкт Петербург поради убиство на 24-годипшната студентка Анастасија Јешченко. Соколов (64) ја уби Јешченко во неговиот стан во ноември 2019 година. Тој беше уапсен откако од реката Мојке беше извлечен ранец во кој беа отсечените раце на студентката. Подоцна истражителите пронајдоа и други делови од телото на Јешченко во реката. Соколов во текот на судењето изјави дека со Јешченко биле во романтична врска, а пукал во неа во афект односно за време на караница. Обвинителите бараа казна за Соколов од 15 години. Соколов е познат по книгите за за Ертата на Наполеон и негово учество во реконструкција на историските битки. ми/

Остани поврзан