• недела, 24 ноември 2024

Дванаесето издание на „Вечерите на женски права“ по повод Меѓународниот ден на жената

Дванаесето издание на „Вечерите на женски права“ по повод Меѓународниот ден на жената
Скопје, 6 март 2021 (МИА) - Од денеска до 8 март, но и текот на месец мај ќе се организира дванаесетото издание на настанот „Вечерите на женски права“, кој нуди алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жените - 8 Март, и тоа на различни локации низ Скопје. Овој настан традиционално се одржува уште од 2010 година, а целта е преку уметност, филм и музика да се поттикнат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања. Годинава, „Вечерите“ се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“. Како што соопштија организаторите, претходните изданија покажале дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и родовата еднаквост. Поточно, настанот од 6 до 8 март ќе се одржи во Младинскиот културен центар - МКЦ, Културно информативниот центар - КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, а на крајот на мај во Кинотеката. Овогодинешното издание е организирано од Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје.бт/дма/

Остани поврзан