• вторник, 12 ноември 2024

Дваесет и девет припадници на Гардата на австриската армија инфицирани со Ковид-19

Дваесет и девет припадници на Гардата на австриската армија инфицирани со Ковид-19
Виена, 18 февруари 2021 (МИА) - Во касарната Радецки во австрискиот град Хорн 29 припадници на Гардата на австриската армија се заразиле со Ковид-19. Гардата „служи“ на претседателот на државата и нејзина задача е да ја претставува Австрија односно да ги пречекува странските државни претставници. Гардата исто така обезбедува и објекти, лица и простории. Во касарната Радецки 88 војници се во карантин од кои  29 се инфицирани, соопшти воената команда на покраината Долна Австрија. Гардата обично брои 197 војници, но поради пандемијата тие се поделени во две касарни - Аленштајг и Радецки. ми/

Остани поврзан