• петок, 27 декември 2024

Дваесет години Клуб на пратенички: Има подобрувања во родовите прашања, но има уште многу на што да се работи

Дваесет години Клуб на пратенички: Има подобрувања во родовите прашања, но има уште многу на што да се работи

Скопје, 8 март 2023 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска на 8 Март - Меѓународниот ден на жената првпат ќе се одржи седница за напредокот во родовите прашања во земјава. Седницата воедно ќе значи и одбележување на 20-годишнината од основањето на Клубот на пратенички, кој е и иницијатор на одржување на една ваква седница, која треба да резултира со консензуални заклучоци.  Информацијата за напредокот во родовите прашања ќе ја презентира министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, а збор ќе земат и неколку актуелни пратенички. На крајот од пленарната седница планирано е е да бидат донесени неколку заклучоци.

Закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза ќе бараат пратеничките во Собранието откако во јавноста се почесто се искажуваат навреди, дисквалификации, дискриминација и омаловажувања коин

Најавувајќи ја оваа седница претседателката на Клубот на пратенички Лолита Ристова во изјава за МИА истакнува дека како неформално тело Клубот направил многу во поместување на родовите прашања и унапредување на положбата на жената во изминативе 20 години.

-Ако го поставиме прашањето дали сме постигнале многу или малку секогаш може да има повеќе во делот на унапредувањето на родовата еднаквост и тоа е факт, иако истражувањата покажале дека во изминатите 20 години навистина имаме поместување и постигнување на значајни резултати. Но, сепак констатираме дека не е доволно она што е направено и мораме да тежнееме уште повеќе и кон посолидни решенија и во правец на унапредување на родовата еднаквост, вели Ристова.

Пратеничката, која доаѓа од редовите на СДСМ, вели дека одржувањето на првата пленарна седница за унапредување на родовата еднаквост е во рамки на Планот за родово сензитивно собрание.

-8 Март како и секогаш, ние, жените во политиката го одбележуваме на работен начин, и овој пат преку оваа прва пленарна седница сакаме да востановиме пракса да разговараме по однос на информацијата што ќе ја поднесе Министерството за труд и социјала политика за сите достигнувања во овој дводецениски период. Жените пратенички од сите политички партии да си дадеме видување, а секако дека симболично одбележување би сакале да направиме и со скромни благодарници во знак на целото време и неуморна работа што ја направиле сите оние кои биле пред нас и кои направиле за нас денес тоа што сме, вели Ристова. Додава дека ваква чест ќе им биде оддадена на претседателките на Клубот на пратенички, на основачите, како и на меѓународните организации.  

-Со меѓународните организации работиме во правец на унапредување на регионалната соработка. Тука сакам да изразам благодарност до ОБСЕ кои во овој момент ни излегуваат во пресрет во рамки на нашиот Акциски план што планираме да го спроведуваме во текот на целата година за одбележување на овој јубилеј - 20 години низ работни активности. Ни излегуваат во пресрет да се поддржи една  регионална конференција за која што заеднички со жените, со формалните и неформалните тела на жените пратенички од регионот, ќе имаме можност да разговараме за сите достигнувања во изминативе две децении, меѓутоа и за она што значи предизвик и потреба за унапредување на прашањата за родовата еднаквост во рамките на регионот заради тоа што на крајот на денот заедничка заложба е да создадеме еден појак регион за да имаме подобри услови и повисоко ниво на родова еднаквост на ниво на регион, посочува Ристова.

Благица Ласовска е пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и дел од Собранието во неколку мандати. Се потсетува дека Клубот на пратенички требало да помогне за зголемување на бројот на жените во Собранието и на локално ниво. Вели процесите не биле лесни, а има уште предизвици бидејќи се уште е мал бројот на жени градоначалнички.

- Така е, точно, скоро осум години сум член на Клубот на пратенички. Клубот на пратенички е формиран 2003 година. Формиран е со цел жените да добијат повеќе пратенички и советнички на локално ниво и во Собранието. Тие процеси не беа лесни. Се сеќавам и на самото формирање на македонско-женското лоби итн. Не беа лесни да се сензибилизира македонското општество кое што ние како општество сме и мултиетничко. Таквите процеси чекор по чекор дојдоа прво 30 проценти квоти, па 40 проценти квоти, вели Ласовска во изјава за МИА.

Нејзиното мото, како што посочува, е „Колку повеќе жени, толку поголема демократија“.  

-Дали сум задоволна? Знаете како, никогаш не е доволно. Секогаш има потреба од повеќе бидејќи моето мото е колку повеќе жени толку поголема демократија, и секако дека имаме уште многу работа и во делот на извршната власт и во делот на локалната власт. Вие и самите гледате дека многу малку градоначалнички имаме, да ги поттикнеме жените да се занимаваат со политика. Тоа е еден од поголемите проблеми којшто е пак поврзан со други проблеми што постојат – говор на омраза врз политичари/политичарки итн. Се’ е тоа еден комплет на којшто ние како жени треба и мора да работиме и тоа се предизвици што следат во иднина, а оваа година славиме 20 години од постоењето на Клубот на пратенички, потенцира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Клубот на пратенички, нагласува, е неформално тело што треба да биде задржано затоа што овие препирки коишто се внатрепартиски, општествени, ги нема во Клубот на пратенички.

-Имаме една визија – унапредување на правата на жените и околу таа визија, околу таа цел, заеднички целиме и работиме, вели Ласовска.

Пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели, која е член на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа денешната дебата во Стразбур за Западен Балкан ја оцени главно

Според пратеничката Арта Биљали Зендели од ДУИ во текот на изминатите 20 години е работено и постигнати се одредени резултати, но не може да се каже дека тоа е доволно.

-Не можам да кажам дека е доволно бидејќи има уште да се работи, до потполна родова еднаквост и рамноправност. Големо значење во застапувањето, уште не доволно, одигра воведувањето на квотите кои се покажаа како ефективен механизам за сузбивање на бариерите. Ние уште говориме за квоти, а тоа е показател дека уште не сме постигнале „природна“ рамноправност или рамноправност на која ќе се одразува единствено квалитетот и заслугата, истакнува во изјава за МИА Биљали Зендели.     

Има напредок во родовите прашања, но има уште многу на што да се работи

Цветанка Иванова, генерална секретарка и поранешна пратеничка, една од жените кои многу придонеле за улогата и развојот на Клубот на пратенички, вели дека во изминатите 20 години по однос на статусот и положбата на жената во нашето општество е направен голем исчекор. Можам да констатирам дека сум задоволна, вели таа во изјава за МИА потенцирајќи дека има голем напредок, но дека се уште има многу на што да се работи.

-Во изминатиот период заедно со сите жени не само во Парламентот и надвор од него сме направиле многу нешта, многу унапредувања...Како на пример, ќе спомнам неколку: политичкото учество на жената на централно и на локално ниво е на значајно ниво, жените веќе се на позиции каде што се донесуваат одлуки и каде што се креираат политики, понатаму работевме доста на полето на дискриминација на жената и постигнавме доста напредок, но се уште не сме задоволни на тоа поле. Работевме на полето на унапредување на состојбата во поглед на заштита на репродуктивното здравје на жената и тука имаме доста напредок, но се уште не е на завидно ниво. Се на се, сметам дека сме успешни. Направивме многу, отворивме многу табу прашања и теми, како што е семејното насилство, за кое што да речеме пред дваесетина години не смееше ни да се спомне. Ја ратификувавме Истанбулската конвенција која што е основа, како правна рамка и механизам за справување со семејното насилство и сите форми на вознемирување на жената, посочува Иванова.

 

Ребалансот на Буџетот кој е во собраниска процедура е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза.  76 милиони евра се предвидени за нови, прилаго

Претседателката на Клубот на пратенички Ристова вели дека Клубот е мост што обединува, но истовремено и се труди да помогне.  

-Клубот на пратенички ја има примарната улога да претставува еден мост за поврзување со политичките партии, односно да воспоставиме една култура на натпартиско делување во рамки на Парламентот. Се обидуваме колку можеме, но секогаш знаете дека постојат повисоки политички цели коишто не секогаш дозволуваат да го постигнеме она што ние навистина посакуваме во правец на унапредување на прашањата кога се во прашање женските прашања и родовата еднаквост воопшто. Но, сепак, можам да кажам дека во изминативе две и пол години донесовме неколку значајни законски решенија, вели Ристова.  

Меѓу нив се Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за спречување на семејното насилство и насилство врз жената, Законот за буџети во којшто е внесена компонента за родово одговорно буџетирање, а Клубот на пратенички интервенираше со одредени амандмански решенија.

-Друго законско решение на кое што сме насочени да работиме во следниот период е носењето на законот за родовата еднаквост. Тој е се уште во една нацрт верзија, се одржуваат неколку дебати. На една од тие дебати со Министерството за труд и социјална политика учествувавме и ние жените пратенички од сите политички партии. И наша заложба ќе биде овој закон да биде донесен што е можно побрзо затоа што од него, пак, произлегуваат многу работи коишто се поврзани исто така со унапредување на состојбите во делот на родовата еднаквост меѓуинституционално, внатре во институциите, се она што значи општествено политичко живеење, појаснува Ристова.

Клубот на пратенички во следниот период исто така ќе работи и да им помогне на здруженијата и жените кои доставиле барања до нив за интервенции во одредени закони со цел стекнување на одредени права.

-Морам да ви кажам дека сега, едно од решенијата што беше донесено во соработка со Националната федерација за фармери, МТСП, МЗШВ во однос на регулирањето на платено породилно отсуство преку еднократниот надоместок на некој начин е иницијатива што започнала во претходниот состав и била пласирана до претходниот состав на Клубот на пратенички. Ние со должно внимание ја разгледавме како пратенички во овој актуелен состав и на некој начин ја поддржуваме оваа идеја, вели Ристова. Мораме, вели таа, да бараме системско решение за решавање на проблемите со кои се соочува руралната жена, но и оние други лица во делот на боледувањата коишто се занимаваат со земјоделска дејност.

-Други барања што подолг временски период се на чекање во Собранието за коишто имаше интервенција, направивме и јавна расправа, беа од Здружението „До бебе по пат на ин витро оплодување“ кои до Клубот на пратенички поднесоа барање за решавање на проблемот со ин витро оплодување, односно за зголемување на бројот на ваучери во делот на ин витро оплодување. Согласно заклучоците што беа донесени на таа јавна расправа, ние работиме со институциите - со Фондот за здравство, со Законодавно-правната служба во Собранието, со Министерството за здравство да иницираме промена во делот на Законот за здравствено осигурување. Сметаме дека во еден барем подобар дел ќе излеземе во пресрет на она што сега е реална ситуација на оваа целна група, вели Ристова.

Барање имале и од Здружението „Лакагролидер“ кое поднело законска интервенција за измена и внесување на политичкиот мобинг во рамки на Законот за вознемирување на работно место или попознатиот Закон за мобинг.

еколкукратно веќе се сретнуваме, учествуваме на нивните трибини, на расправи. Се надевам дека и за ова решение кога ќе дојде во собраниска процедура ќе имаме сенс и ќе најдеме одредено заедничко решение во правец на негово подобрување, посочува претседателката на Клубот на пратенички за МИА.

Има и други иницијативи од други здруженија на граѓани.

Лажна вест и ширење на лажни вести е дека техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари. Власта е во паника, на Бихаќка се свесн

Во однос на веќе поднесените барања од страна на неколку здруженија на граѓани до Клубот, пратеничката Ласовска посочува дека кога станува збор за правата на жените, пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат се од себе, сите да ги добијат правата што им следуваат.

-Како Клуб и да ја отпочнеме процедурата, за жал, таа некаде заглавува. Ќе дадеме се’ од себе како ВМРО-ДПМНЕ и како Клуб на пратенички кога станува збор за правата на жени да ги преточиме во законски решенија и тие права коишто им следуваат, да ги добијат. Секојдневно сме сведоци, за жал, на трагични состојби, болни, изнемоштени, цистична фиброза, онколошки случаи – немаме лекови, вели Ласовска.    

Пратеничката од ДУИ, пак, Биљали Зендели состојбата со правата на жените ја оценува со оценка 3 до 4 во одредени области. Жените се често на удар во своите семејства каде пак треба да се најбезбедни.

-Пред две години Министерството за труд и социјална политика ни достави извештај до Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените. Интересен и поразителен беше податокот дека жените во Северна Македонија поседуваат околу 27 проценти од недвижната сопственост во земјава. Тоа е поразително за татковците, браќата, сопрузите но последиците ги трпат жените бидејќи, дури и ако се жртви на семејно насилство, немањето покрив над главата ги обврзува да живеат на исто место или под ист покрив со сторителот.  За жал, жените се на удар и во политиката и во јавниот живот, вели пратеничката Биљали Зендели од ДУИ.

На седницата ќе се побара да се донесе закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза

Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички во Собранието зборувајќи за денешната собраниска седница посветена на дваесетгодишнината од основањето на Клубот, потенцира дека еден од заклучоците ќе се однесува токму на говорот на омраза.

- Тоа е нешто кое што не убива сите посебно жените, тоа е нешто кое што е многу насочено, многу токсично во еден период, кога социјалните медиуми земаат се поголем наплив и замав. Во овој дел мора да се воспостави законска регулација на интернет просторот и тоа ќе биде една од нашите следни заложби кон коишто ние како пратенички ќе разговараме со новинарските здруженија, со сите оние коишто работат на пласирање на информации во јавноста, но и оние коишто прават на некој начин злоупотреба на овие медиуми за да пласираат негативни информации во јавноста. Мора да се санкционира тој дел и мора да се најде решение затоа што тоа е присутно. Присутно е, морам да кажам, и во рамките на Собранието, најави Ристова.

Според неа, Собранието мора да биде многу повеќе родово сензитивно, сензибилизирано, а говорот на омраза да биде заборавена работа без оглед на тоа колку и да се големи политичките аспирации и претензии за постигнување на одредени работи.

-Сепак, мора да постојат некои работи коишто се натпартиски, коишто допираат до етиката, до моралот и до интегритетот на личноста. Тука има можности за подобрување и во делот на етичкиот кодекс, и во делот на Деловникот за работа на Собранието, така што и во тој дел во иднина би сакале да бидеме насочени, вели Ристова.

Како гости, во Собранието се поканети министерките во Владата, заменик-министерките, претставници на дипломатскиот кор и на домашни и на меѓународни невладини организации, со акцент на НДИ, ОБСЕ и UN Women, кои континуирано соработуваат со Клубот на пратенички во Собранието, од формирањето во 2003 до денес.

Покани за присуство се испратени и до поранешни министерки во Владата, како и до поранешните пратенички во периодот од 2003 година, односно почнувајќи од четвртиот состав на Собранието (2002 – 2006 година), заклучно со претходниот состав (2016-2020 година). Тие ќе може да ја следат седницата во салата „Голема купола“.

По завршување на пленарната седница во кристалната сала на Собранието е планирана и пригодна свеченост на која ќе бидат доделени благодарници на поранешните претседателки на Клубот на пратенички, на организациите кои дале иницијатива и учествувале во основањето на Клубот и на неколку меѓународни организации. Покрај претседателот на Собранието, во овој дел ќе се обрати поранешната пратеничка Елеонора Петрова – Митевска, првата претседателка на Клубот на пратенички, а во име на сите добитници на благодарници ќе се обрати Цветанка Иванова, поранешна претседателка на Клубот на пратенички и актуелна генерална секретарка на Собранието. 

Елизабета Вељановска Најдеска

 

 

Остани поврзан