• сабота, 23 ноември 2024

Да се чистат оџаците што почесто за да нема пожари, апелираат од ТППЕ Кичево

Да се чистат оџаците што почесто за да нема пожари, апелираат од ТППЕ Кичево
Кичево, 22 март 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден вработените од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Кичево имаа интервенции на два опожарени оџаци, едниот во населба Ламели а вториот на улица „Јордан Пиперката“. Поголем проблем на пожарникарите им создаде опожарениот оџак во населба Ламели, бидејќи се работеше за пожар на поголема височина, шести кат и беа потребни три часа за пожарот целосно да се ликвидира, потврди командирот Горан Соколески. -Поради нередовното чистење на оџаците, последните неколку години се регистрирани зголемен број на пожари на оџаци како во градот така и во селата. Нашите апели за редовно одржување на оџаците како да не допираат до граѓаните, вели командирот Соколески. Од неисчистените саѓи и високата температура во оџаците, тој појасни дека се создава емулзија, којашто придонесува оџакот да пукне, а пожарите да бидат многу почести. Така вчера, Соколевски додава дека им биле потребни три часа за да го ликвидираат пожарот во населба Ламели, а единствената причина за овој пожар е нередовното чистење на оџакот. за/ки/

Остани поврзан