• четврток, 26 декември 2024

Основните судови во 2022 година работеле со една третина помалку судии

Основните судови во 2022 година работеле со една третина помалку судии

Скопје, 12 март 2023 (МИА) – Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината. Односно судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, додека, тие кои не успеале и го зголемиле бројот на заостанати предмети се неажурни.

Па така, меѓу најажурните, односно најмногу е намален бројот на заостанати предмети во ОС Гостивар - 649, така што секој активен судија во просек завршил 1 968 предмети, додека меѓу неажурните, како што е ОС Тетово, иако решил 3 906 предмети по судија, сепак е неажурен и заостанал за 1 223 предмети.

Ако се земе по апелациони подрачја најажурно е апелационото подрачје Гостивар каде секој активен судија решил во просек по 2 829 предмети, но, истовремено тоа е и едно од најпополнетите апелациони подрачје со 65 проценти пополнетост и 13,7 активни судии на 100 илјади жители.

На ниво на држава во просек секоја активен судија низ основните судови во 2022 година решил во просек по 2 133 предмети, во ОС Ресен, кој е оценет како ажурен, секој судија решил во просек по 1 419 предмети, додека во ОС Битола, кој е оценет како неажурен, секој судија решил по 2 320 предмети.

Промоција на иницијативата „Отворено судство“ која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија” ќе се одржи денес

Пописот во 2021 година, отвори и едно друго прашање, а тоа е поставеноста на судската мрежа во земјава. Така, ОС Гостивар има по 21,2 судии на 100 илјади жители и е ажурен, додека ОС Прилеп со 6,8 судии на 100 илјади жители и е неажурен.

Од сите основни судови во 2022 година, само еден работел со 100 процентна пополнетост по ситсематизација. Тоа е ОС Неготино кој по систематизација требало да работи со пет судии и според Годишниот извештај на Судски совет имал пет активни судии. Секој судија во ОС Неготино во просек решил по 1 419 предмети и на крајот од годината овој суд го намалил бројот на предмети за 318. За споредба, во ОС Струга секој судија решил во просек по 2 718 предмети, но сепак на крајот од годината бројот на нерешени предмети се зголемил за 1 259.

Во 2022 година во основните судови низ земјава имало вкупно 288 активни судии, што значи дека секој во просек опслужувал по 6 364 жители или во просек имало по 15,7 судии на 100 илјади жители.

Но, ОС Неготино е редок позитивен исклучок меѓу судовите, па додека сите ОС во просек работеле со околу 2/3 пополнетост, има и такви кои биле со половина од потребниот капацитет, па дури и некои со ниту еден активен судија, кои многу веројатно работеле со делегирани судии од други судови. Така, иако ОС Делчево немал ниту еден активен судија во 2022 година, според извештајот на Судскиот совет, решил 5 012 предмети. Но, и со толку решени предмети според Годишниот извештај на Судскиот совет, според работата овој суд е оценет како неажурен во 2022 година.

Според евиденцијата на пополнети судски места во судовите во земјава на почетокот на 2022 година има 20 помалку судии во однос на претходната 2021 година. На крајот на 2022 година има 68 помалку судии во однос на крајот на 2021 година. Просечно во 2021 година може да се земе број од 493 судии, а во 2022 година 449 судии или за 44 судии помалку.

Во просек сите основните судови на ниво на државава во 2022 година работеле со двајца од тројца потребни судии по систематизација, односно од предвидените 456 судии по систематизација пополнети биле околу 63 проценти.

Судскиот совет како причина за намалувањето на судиите ги наведува природниот одлив поради исполнување на условите за старосна пензија, како и немањето законски услови за избор на нови судии со оглед дека нема кандидати кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители.

Бројот на судии во земјава е во постојан пад во последните неколку години од 499 во 2019, на 493 во 2020, 473 во 2021, на 449 судии во 2022 година.

Во продолжение се сите основни судови по апелациони подрачја:

Судовите на Апелационо подрачје Скопје 2022 година ја почнале со 38 200 нерешени предмети, а примиле нови 259 034 предмети. Од нив решиле 254 135 предмети, а останале нерешени 43 099 предмети. Со поплнетост од 69,9 проценти и решени во просек по 1 540 предмети на судија, основните судови на Апелационо подрачје Скопје не го совладале приливот на предмети и го зголемиле заостатокот за 4 899 предмети на ниво на апелационо подрачје.

Сепак од девет основни судови на ова апелациони подрачје, ажурни се седум, а како неажурни се оценети Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје.

Основниот суд Велес 2022 година ја започнал со 2 737 нерешени предмети, во работа примил 25 443 предмети. Од овој фонд за работа решени се 25 555 предмети, а останале нерешени 2 625 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 112 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Велес се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 18 судии, додека во 2022 година работел со пополнетост од 77 проценти или 14 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Велес активни се 13 судии, од кои еден е претседател на судот. Позициите на други двајца се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 3. Еден судија, во меѓувреме, треба да оди во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 65 лица.

ОС Велес, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 59 638 жители. Според тоа ОС Велес во 2022 година имал еден судија на 4 259 жители, или околу 23,4 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Гевгелија 2022 година ја започнал со 468 нерешени предмети, во работа примил 11 968 предмети. Од овој фонд за работа решени се 11 969 предмети, а останале нерешени 467 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 1 предмет.

Во 2022 година Основниот суд Гевгелија се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 13 судии, а во 2022 година работел со 61 процент од потребните, односно со пополнети 8 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Гевгелија активни се 8 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 5.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 54 лица.

ОС Гевгелија, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 42 512 жители. Според тоа ОС Гевгелија во 2022 година имал еден судија на 5 314 жители, или околу 18,8 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Кавадарци 2022 година ја започнал со 889 нерешени предмети, во работа примил 11 966 предмети. Од овој фонд за работа решени се 12 211 предмети, а останале нерешени 644 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 245 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Кавадарци се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 10 судии, а во 2022 година работел со 70 проценти од потребните или со пополнети 7 судиски места.

Во рамките на инвестиционите вложувања за подобрување на условите и квалитетот на работа во Основен суд Кавадарци, како и обезбедување на непречен пристап до правдата за сите граѓани, денеска

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Кавадарци активни се 6 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 4.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 54 лица.

ОС Кавадарци, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 39 529 жители. Според тоа ОС Кавадарци во 2022 година работел со еден судија на 5 647 жители, или околу 17,7 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Кратово 2022 година ја започнал со 231 нерешени предмети, во работа примил 2 829 предмети. Од овој фонд за работа решени се 2 831 предмети, а останале нерешени 229 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 2 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Кратово се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 3 судии, а во 2022 година работи со две третини пополнетост, односно со 2 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Кратово активен е еден судија. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 2.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 21 лица.

ОС Кратово, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 7 545 жители. Според тоа ОС Кратово во 2022 година имал еден судија на 3 772 жители, или околу 26,5 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Крива Паланка 2022 година ја започнал со 1 031 нерешени предмети, во работа примил 5 337 предмети. Од овој фонд за работа решени се 5 348 предмети, а останале нерешени 1 020 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 11 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Крива Паланка се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 6 судии, од кои пополнети се 4 судиски места, што значи дека во 2022 година работел со 66 проценти од предвидениот број судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Крива Паланка активни се 4 судии, од кои еден е претседател на судот. Позицијата на друг судија е во мирување. Согласно тоа, само едно место испразнето. Во меѓувреме, еден судија ќе треба да оди во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 35 лица.

ОС Крива Паланка, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 21 524 жители. Според тоа ОС Крива Паланка во 2022 година имал еден судија на 5 381 жители, или околу 18,5 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Куманово 2022 година ја започнал со 3 606 нерешени предмети, во работа примил 36 575 предмети. Од овој фонд за работа решени се 36 680 предмети, а останале нерешени 3 501 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 105 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Куманово се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 34 судии, додека во 2022 година работел со 58 проценти од оваа бројка, односно со 20 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Куманово активни се 18 судии, а позициите на двајца се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 14, а објавен е оглас за двајца судии.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 135 лица.

ОС Куманово, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 123 913 жители. Според тоа ОС Куманово во 2022 година имал еден судија на 6 195 жители, или околу 16,1 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Неготино 2022 година ја започнал со 980 нерешени предмети, во работа примил 6 779 предмети. Од овој фонд за работа решени се 7 097 предмети, а останале нерешени 622 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 318 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Неготино се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 5 судии, и единствен суд во земјава што во 2022 година работел со 100 проценти пополнетост, односно со 5 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Неготино активни се 4 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е еден, додека во меѓувреме еден судија треба да оди во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 27 лица.

ОС Неготино, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 31 971 жител. Според тоа ОС Неготино во 2022 година имал еден судија на 4 394 жители, или околу 22,7 судии на 100 000 жители.

Основниот кривичен суд Скопје 2022 година ја започнал со 13 064 нерешени предмети, во работа примил 112 012 предмети. Од овој фонд за работа решени се 109 183 предмети, а останале нерешени 15 893 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 2 829 предмети.

Во 2022 година Основниот кривичен суд Скопје се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 70 судии, а во 2022 година работел со пополнетост од 68 проценти, односно со 48 судии.

Основниот кривичен суд Скопје информира дека адвокатот Јовица Страшевски од Скопје вчера до судот доставил допис дека од 8 до 17-ти овој месец ќе биде на годишен одмор.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во Основниот кривичен суд Скопје активни се 48 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 22, а објавен е оглас за двајца судии. Тројца судија, во меѓувреме ќе треба да одат во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 338 лица.

Кривичен Скопје, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 607 007 жители. Според тоа Кривичен Скопје во 2022 година работел со еден судија на 12 645 жители, или околу 7,9 судии на 100 000 жители.

Основниот граѓански суд Скопје 2022 година ја започнал со 15 194 нерешени предмети, во работа примил 46 125 предмети. Од овој фонд за работа решени се 43 261 предмети, а останале нерешени 18 058 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 2 864 предмети.

Во 2022 година Основниот граѓански суд Скопје се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 77 судии, додека во 2022 година работел со 74 проценти од овој број, односно со 57 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во Основниот граѓански суд Скопје активни се 53 судии, од кои еден е избран за претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 24, а двајца судии, во меѓувреме треба да одат во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 308 лица.

Граѓански суд Скопје, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 607 007 жители. Според тоа Граѓанскиот суд Скопје во 2022 година работел со еден судија на 10 649 жители, или околу 9,3 судии на 100 000 жители.

Основните судови на подрачјето на Апелационен суд Битола во 2022 година влегле со 17 169 нерешени предмети, а примиле 86 782 нови. Од нив, решиле 82 164 предмети, а останале нерешени 21 787 предмети. Со пополнетост од 50 проценти и во просек решени 1 956 предмети по активен судија, тие не успеале да го совладаат приливот на предмети во 2022 година и го зголемиле заостатокот за 4 618 предмети на ниво на апелационо подрачје. Од вкупно шест основни судови на ова подрачје само еден е оценет како ажурен - ОС Ресен, додека останатите пет се оценети како неажурни во 2022 година.

Основниот суд Битола 2022 година ја започнал со 4 611 нерешени предмети, во работа примил 30 669 предмети. Од овој фонд за работа решени се 30 169 предмети, а останале нерешени 5 111 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 500 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Битола се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 25 судии, а според годишниот извештај на Судски совет пополнети биле 52 проценти, односно работел само со 13 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Битола активни се 12 судии, а позициите на двајца се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 11, а објавен е оглас за еден судија. Еден судија, исто така, треба да оди во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот заедно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 111 лица.

ОС Битола, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 100 355 жители. Според тоа ОС Битола во 2022 година имал еден судија на 7 719 жители, или околу 13 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Крушево 2022 година ја започнал со 320 нерешени предмети, а примил 2 160 предмети. Од овој фонд за работа решени се 2 077 предмети, а останале нерешени 403 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 83 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Крушево се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 3 судии, но во 2022 година работел само со една третина од потребниот број, односно со еден судија.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Крушево не е активен ниту еден судија и има еден делегиран судија. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 3, а објавен е оглас за двајца судии.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 15 лица. 

ОС Крушево, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 8 385 жители, но моментално нема ниту еден активен судија.

Основниот суд Охрид 2022 година ја започнал со 4 375 нерешени предмети, во работа примил 17 541 предмети. Од овој фонд за работа решени се 16 363 предмети, а останале нерешени 5 553 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 1 178 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Охрид се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 18 судии, а во 2022 година биле пополнети 72 проценти од овие места, односно работел со 13 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Охрид активни се 11 судии, а на еден судија позицијата му е во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 6. Иако бројот на судии за пензија е двајца, моментално нема објавено оглас за ниту еден судија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 89 лица.

ОС Охрид, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 51 428 жители. Според тоа ОС Охрид во 2022 година имал еден судија на 3 956 жители, или околу 25 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Прилеп 2022 година ја започнал со 3 774 нерешени предмети, во работа примил 14 379 предмети. Од овој фонд за работа решени се 12 775 предмети, а останале нерешени 5 378 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 1 604 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Прилеп се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 18 судии, а во 2022 година работел само со една третина од потребниот број, односно со 6 судии.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Прилеп, бројот на пополнети места е 5, но активни се само пет судии, од кои еден е избран за претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 13. Иако еден судија е за пензија, не е објавен оглас за ниту еден.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 81 лица.

ОС Прилеп, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 87 318 жители. Според тоа ОС Прилеп во 2022 година имал еден судија на 14 553 жители, или околу 6,8 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Ресен 2022 година ја започнал со 492 нерешени предмети, во работа примил 4 464 предмети. Од овој фонд за работа решени се 4 470 предмети, а останале нерешени 486 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 6 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Ресен се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 4 судии, а во 2022 година работел со 75 проценти од овој број, односно со 3 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Ресен активни се двајца судии, од кои едниот е претседател на судот. Позицијата на друг е во мирување. Согласно ова испразнето е само едно место, а објавен е оглас за едно.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 23 лица.

ОС Ресен, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 14 373 жители. Според тоа ОС Ресен во 2022 година имал еден судија на 4 791 жител, или околу 20,8 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Струга 2022 година ја започнал со 3 597 нерешени предмети, во работа примил 17 569 предмети. Од овој фонд за работа решени се 16 310 предмети, а останале нерешени 4 856 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 1 259 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Струга се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 15 судии, а во 2022 година работел со 40 проценти од потребните судии, односно со пополнети 6 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Струга активни се 5 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 10. Иако еден судија ќе треба да оди во пензија, не е објавен оглас за ниту еден.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 55 лица.

ОС Струга, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 53 339 жители. Според тоа ОС Струга во 2022 година имал еден судија на 8 889 жители, или околу 11,2 судии на 100 000 жители.

Судовите од Апелационо подрачје Гостивар 2022 година ја започнале со нерешени 12 869 предмети, а примиле нови 125 827 предмети. Решиле 124 490 предмети, а останале нерешени 14 206 предмети. Со пополнетост од 64,7 проценти и решени во просек по 2 829 предмети по судија основните судови на апелационо подрачје Гостивар не успеале да го совладаат приливот на предмети во 2022 година и го зголемиле заостатокот за 1 337 предмети на ниво на апелационо подрачје. Од вкупно четири основни судови на ова подрачје половината се оценети како ажурни, а половината како неажурни.

Основниот суд Гостивар 2022 година ја започнал со 7 483 нерешени предмети, во работа примил 34 786 предмети. Од овој фонд за работа решени се 35 435 предмети, а останале нерешени 6 834 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 649 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Гостивар се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 24 судии, од кои пополнети се 18 судиски места, односно во 2022 година работел со 75 проценти од потребниот број.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Гостивар активни се 17 судии, од кои еден е избран за претседател на судот. Позициите на двајца се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 5.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 112 лица.

ОС Гостивар, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 84 654 жители. Според тоа ОС Гостивар во 2022 година имал еден судија на 4 703 жители, или околу 21,2 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Дебар 2022 година ја започнал со 492 нерешени предмети, во работа примил 10 843 предмети. Од овој фонд за работа решени се 10 925 предмети, а останале нерешени 410 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 82 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Дебар се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 5 судии, а во 2022 година работел со 60 проценти од потребниот број, односно со пополнети 3 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Дебар активни се 3 судии, од кои еден е претседател на судот. Исто така, на еден судија од овој суд позицијата е во мирување. Согласно тоа, има едно испразнето место.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 26 лица.

ОС Дебар, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 19 132 жители. Според тоа ОС Дебар во 2022 година имал еден судија на 6 377 жители, или околу 15,6 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Кичево 2022 година ја започнал со 2 513 нерешени предмети, во работа примил 20 371 предмети. Од овој фонд за работа решени се 19 526 предмети, а останале нерешени 3 358 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 845 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Кичево се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 13 судии, додека во 2022 година работел со осум судии, односно пополнетост од 61 процент.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Кичево активни се 6 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 7. Иако двајца судии ќе треба да одат во пензија, нема огласени места.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 63 лица.

ОС Кичево, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 49 780 жители. Според тоа ОС Кичево во 2022 година имал еден судија на 6 222 жители, или околу 16 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Тетово 2022 година ја започнал со 2 381 нерешени предмети, во работа примил 59 827 предмети. Од овој фонд за работа решени се 58 604 предмети, а останале нерешени 3 604 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 1 223 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Тетово се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 26 судии, од кои во 2022 година пополнети биле 15 судиски места, што значи дека работел со околу 57 проценти од потребниот број судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Тетово активни се 14 судии, а позицијата не еден е во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 11, а објавен е оглас за еден судија. Двајца судии, исто така, ќе треба да одат во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 139 лица.

ОС Тетово, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 166 898 жители. Според тоа ОС Тетово во 2022 година имал еден судија на 11 126 жители, или околу 9 судии на 100 000 жители.

Судовите на Апелационо подрачје Штип 2022 година ја почнале со нерешени 13 045 предмети, а примиле нови 82 654 нови. Од нив решиле 81 719 предмети, а останале нерешени 13 980 предмети. Со пополнетост од 53 проценти и решени во просек по 2 208 предмети по судија, основните судови на апелационо подрачје Штип не успеале да го совладаат приливот на предмети и го зголемиле заостатокот за 935 предмети. Од осум основни судови на ова подрачје како ажурни се оценети половина, односно четири се ажурни и четири неажурни.

Основниот суд Берово 2022 година ја започнал со 858 нерешени предмети, во работа примил 3 270 предмети. Од овој фонд за работа решени се 3 458 предмети, а останале нерешени 670 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 188 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Берово се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 3 судии, а во 2022 година работел само со една третина од овој број, односно со еден судија.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Берово испразнети се три места и нема ниту еден активен судија. Бројот на огласени места е 4.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 22 лица.

ОС Берово, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 14 873 жители. Според тоа ОС Берово во 2022 година работел со еден судија на 14 873 жители, или околу 6,7 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Виница 2022 година ја започнал со 703 нерешени предмети, во работа примил 4 183 предмети. Од овој фонд за работа решени се 4 335 предмети, а останале нерешени 551 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 152 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Виница се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 3 судии, а во 2022 година работел со 66 проценти од овој број, односно со пополнети 2 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Виница активен е само еден судија. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 2, а објавен е оглас за еден судија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 22 лица.

ОС Виница, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 14 475 жители. Според тоа ОС Виница во 2022 година работел со еден судија на 7 237 жители, или околу 13,8 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Делчево 2022 година ја започнал со 1 180 нерешени предмети, во работа примил 5 343 предмети. Од овој фонд за работа решени се 5 012 предмети, а останале нерешени 1 511 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 311 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Делчево се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 4 судии, а во 2022 година работел со една четвртина од овој број, односно само со еден судија.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Делчево активен е само еден судија, кој е претседателот на судот, а испразнети се три места. Нема огласени места за ниту еден судија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 32 лица.

ОС Делчево, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 20 024 жители. Според тоа ОС Делчево во 2022 година работел со еден судија на 20 024 жители, или околу 5 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Кочани 2022 година ја започнал со 2 023 нерешени предмети, во работа примил 12 438 предмети. Од овој фонд за работа решени се 12 170 предмети, а останале нерешени 2 291 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 268 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Кочани се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 10 судии, од кои во 2022 година пополнети се 7 судиски места, односно 70 проценти.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Кочани активни се шест судии, од кои еден е претседател на судот. Позициите на други двајца судии се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 2.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 48 лица.

ОС Кочани, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 39 159 жители. Според тоа ОС Кочани во 2022 година работел со еден судија на 5 594 жители, или околу 17,8 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Радовиш 2022 година ја започнал со 939 нерешени предмети, во работа примил 8 839 предмети. Од овој фонд за работа решени се 8 452 предмети, а останале нерешени 1 326 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 387 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Радовиш се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 6 судии, а во 2022 година работел со една третина од овој број, односно со двајца судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Радовиш активни се двајца судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 4, а нема оглас за ниту еден судија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 27 лица.

ОС Радовиш, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 26 847 жители. Според тоа ОС Радовиш во 2022 година работел со еден судија на 13 426 жители, или околу 7,4 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Свети Николе 2022 година ја започнал со 923 нерешени предмети, во работа примил 5 241 предмети. Од овој фонд за работа решени се 5 307 предмети, а останале нерешени 857 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 66 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Свети Николе се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 4 судии, а во 2022 година работел со 75 проценти од овој број, односно со 3 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Свети Николе активни се двајца судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 2.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 23 лица.

ОС Свети Николе, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 17 584 жители. Според тоа ОС Свети Николе во 2022 година работел со еден судија на 5 861 жител, или околу 17 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Струмица 2022 година ја започнал со 3 186 нерешени предмети, во работа примил 19 813 предмети. Од овој фонд за работа решени се 20 044 предмети, а останале нерешени 2 955 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 231 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Струмица се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 20 судии, од кои пополнети се 9 судиски места, односно во 2022 работел со 45 проценти од предвидениот број на судии.

По пауза од повеќе од седум месеци денеска во Основниот суд во Струмица продолжи судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четво

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Струмица активни се 9 судии, од кои еден е претседател на судот. Позицијата на друг е во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 10, а не е објавен оглас за ниту еден судија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 67 лица.

ОС Струмица, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 79 027 жители. Според тоа ОС Струмица во 2022 година работел со еден судија на 8 780 жители, или околу 11,3 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Штип 2022 година ја започнал со 3 233 нерешени предмети, во работа примил 23 527 предмети. Од овој фонд за работа решени се 22 941 предмети, а останале нерешени 3 819 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 586 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Штип се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 19 судии, додека во 2022 година работел со 12 судии, односно пополнетост од 63 проценти.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Штип активни се 12 судии, од кои еден е претседател на судот. Позицијата на еден судија е во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 6, а објавен е оглас за еден судија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 75 лица.

ОС Штип, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 61 703 жители. Според тоа ОС Штип во 2022 година работел со еден судија на 5 141 жител, или околу 19,4 судии на 100 000 жители.

Во делот на оцена на работата на судиите и судовите во 2022 година, Судскиот совет посочува дека судовите го започнале јануари 2022 година со нерешени 97 338 предмети, примиле во работа нови 602 682 предмети, имале вкупно во работа 700 020 предмети. Од нив, решени се 590 897 предмети, а останале нерешени 109 123 предмети. Според тоа, на ниво на држава, судовите во 2022 година не успеале да го совладаат приливот на предмети и го зголемиле заостатокот за 11 785 предмети.

Од статистичкиот извештај за работата на судовите, Судскиот совет во годишниот извештај, заклучува дека во 2022 година од вкупниот број на судови ажурни се 19, а неажурни се 15 судови, и тоа 2 апелациони и 13 основни судови.

Александар Атанасов

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан