• среда, 25 декември 2024

Да се подигне свеста од потребата за згрижувачки семејства за деца без родителска грижа, промотивен настан во Кавадарци  

Да се подигне свеста од потребата за згрижувачки семејства за деца без родителска грижа, промотивен настан во Кавадарци  

Кавадарци, 8 март 2024 (МИА) - Центар за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село, во соработка со кавадаречката локална самоуправа и Јавна установа  Центар за социјални работи Кавадарци,  денеска на кавадаречкиот плоштад организираа настан на тема, „Инспирирај   вклученост". 

-  Целта е промовирање на згрижувањето како услуга и подигнување на свеста за тоа дека на заедницата и се потребни згрижувачки семејства, за да се грижат за деца без родителска грижа, рече Јагода Насковска од  Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село, изразувајќи надеж дека ќе се зголеми бројот на згрижувачите. 

Бидејќи, како што беше нагласено на настанот,  благодарение на нивната способност, љубов и посветеност, девојчињата и момчињата кои се без родителска грижа, имаат еднакви можности за среќно детство.

- Тука сме за да дадеме поддршка на инклузивните проекти, што повеќе семејства да згрижуваат деца без родителска грижа. Убаво е преку едно такво згрижување, да се помогне некому во животот, нагласи градоначалникот Митко Јанчев. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан