• четврток, 26 декември 2024

Да се доуреди просторот пред спомен-плочата на Мајка Тереза, бара здружението „Скопјанката Мајка Тереза“

Да се доуреди просторот пред спомен-плочата на Мајка Тереза, бара здружението „Скопјанката Мајка Тереза“
Скопје, 15 мај 2020 (МИА) - Граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ денеска преку соопштение изрази загриженост поради новонастанатата состојба на споменичното место „Спомен плоча на место на родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Св. Мајка Тереза“ на плоштадот во Скопје, и бара нејзино доуредување. -Бараме доуредување на просторот пред спомен – плочата, поточно враќање на четирите месингани агли кои ја означуваат местоположбата на родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Св. Мајка Тереза и градителот на реновираниот плоштад на тој дел веднаш да ги постави на поплочено плато кое ќе биде поврзано со патека до старата стоковна куќа, осносно „Тера Нова“, соопшти денеска здружението. Оттаму бараат и поставување на информативни табли за значењето на местото, на повеќе јазици разбирливи за целиот свет и враќање во туристичката понуда на градот. Бараат и веднаш да се реновира Феудална кула каде што е „Спомен - собата на Св. Мајка Тереза“ и ставање во туристичката понуда на градот. -Бараме спомен плочата на Св. Мајка Тереза да не претставува колатерална штета и преку ликот и делото на Светицата и Нобеловката Мајка Тереза да не се препукуваат партиски, материјални и национални интереси, бидејќи Св. Мајка Тереза е симбол на космополитизам, екуменизам, хуманизам и зближување на народите, информира Здружението. Барањето, како што наведуваат во соопштение, е упатено до Град Скопје и до сите надлежни институции во државава.бт/дма/

Остани поврзан