• четврток, 26 декември 2024

Да внимаваме сите и да ги спречиме ризиците кои може да предизвикаат пожар, порача премиерот Заев

Да внимаваме сите и да ги спречиме ризиците кои може да предизвикаат пожар, порача премиерот Заев
Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Шумите лесно се палат, а тешко се гасат - порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук. - Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината, наведува Заев. Тој во објавата потенцира дека во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија. - Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, додава Заев во објавата на својот фејсбук-профил. сп/

Тагови

Остани поврзан