• четврток, 26 декември 2024

Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите

Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите
Берлин, 15 септември 2020 (МИА) - Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ и неговата подружница „Мерцедес-Бенц САД“ се договорија со американските власти да платат 1,5 милијарди долари за повлекување на тужбите поднесени за измама на тестовите за издувни гасови. Договорот вклучува и парична казна од 875 милиони долари. - Денеска испраќаме јасна порака: ќе го спроведуваме законот и ќе ги заштитиме животната средина и јавното здравје, рече претставникот на Агенцијата за заштита на животната средина на САД, Ендру Вилер, на прес-конференција. „Дајмлер“, заедно со „Фолксваген“, се најде во група производители на автомобили обвинети за кршење на прописите за загадување на животната средина и измама на тестови за издувни гасови за дизел возила за да се намали резултатот од штетните емисии. Договорот со Министерството за правда на САД предвидува и независно тестирање на емисиите на штетни гасови од дизел моторите на „Дајмлер“. паг/  

Остани поврзан