• четврток, 26 декември 2024

Дајмлер се согласи да ѝ плати на Нокиа за користење на патентите

Дајмлер се согласи да ѝ плати на Нокиа за користење на патентите
Хелсинки, 1 јуни 2021 (МИА) - „Дајмлер“ се согласи да ѝ плати на „Нокиа“ за користење на нејзините патенти, со што заврши правната битка помеѓу финската технолошка и германската автомобилска компанија околу авторските права за клучните технологии.
„Нокиа“, која има 1,4 милијарди евра приход од лиценца секоја година, во последниве години го тужеше германскиот производител на автомобили „Дајмлер“. Но, двете компании соопштија дека постигнале договор за лиценцирање и ќе престанат со судењето.
„Според договорот, Нокиа му дава на Дајмлер лиценца за мобилна телекомуникациска технологија и за возврат добива надоместоци“, се вели во заедничкото соопштение на компаниите.
Германскиот производител на автомобили никогаш не и платил на „Нокиа“ да ги користи своите патенти. „Ауди“, „Бентли“, „БМВ“, „Мини“, „Порше“, „Ролс Ројс“, „Сеат“, „Шкода“, „Фолксваген“ и „Волво“ веќе плаќаат за патентите на „Нокиа“ .
Минатиот месец, „Нокиа“ потпиша договор со „Самсунг“, со кој јужнокорејската компанија се обврзува да плаќа такси за технологии поврзани со видеостандардите на „Нокиа“ . паг/
   

Остани поврзан