• среда, 25 декември 2024

Даштевски: Изборниот ден помина мирно, пристигнати 127 приговори за лично избирачко право

Даштевски: Изборниот ден помина  мирно, пристигнати 127 приговори за лично избирачко право
Скопје, 20 август 2022 (МИА) – Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на денешната прес-конференција информира дека досега пристигнале вкупно 127 приговори за лично избирачко право, од кои прифатени се 113 а одбиени се шест. - За Маврово и Ростуше вкупно 37 приговори, прифатени 29, одбиени 3. За Тетово вкупно 43 приговори, прифатени 38, одбиени се два. Центар Жупа вкупно 47, прифатени 46, а одбиен еден приговор, рече Даштевски. Тој информира дека до 18:30 часот во Маврово и Ростуше од запишани 9.948 гласачи, гласале 5.090 односно 51,17 отсто. Во Центар Жупа од 7.154 запишани гласачи, гласале 3.312, односно 46,30 отсто. Додека, пак, во Општина Тетово од запишани 84.702 гласачи, гласале 27.4476, односно 32,68 отсто. Даштевски оцени дека изборниот ден помина мирно, без забележителни инциденти. Смета дека така и ќе заврши изборниот ден и со броењето на гласовите и дека ќе имаме успешни локални избори во овие три општини. Тој истакна дека до полноќ треба да се објават првичните неофицијални резултати  и тогаш ќе почнат да течат роковите за приговорите. Во Центар Жупа се гласаше за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи и мнозинството да гласаат за еден од кандидатите, односно за едниот кандидат во Центар Жупа. Во општина Тетово на гласачкото ливче има 13 листи на кандидати за членови во Советот на општината. Мандатите ќе бидат распоредени според бројот на добиени гласови користејќи ја Донтовата формула. фф/нд/ https://www.youtube.com/watch?v=vX_oTKnk-Yo

Остани поврзан