• четврток, 26 декември 2024

Дачиќ порача дека останува изборниот цензус од три отсто, Обрадовиќ оцени дека изборниот дијалог е во застој

Дачиќ порача дека останува изборниот цензус од три отсто, Обрадовиќ оцени дека изборниот дијалог е во застој
Белград, 27 август 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ денеска, говорејќи за меѓупартискиот дијалог за претстојните избори, изјави дека прагот од три отсто ќе остане за изборите и нема да се врати на претходните пет отсто, јави дописникот на МИА од Белград. - Сите правеа бучава (од опозицијата) кога тој беше спуштен, а во основа беа среќни. Потоа сите беа заинтересирани дали ќе се врати на пет отсто - нема да се врати, ќе остане три отсто, изјави Дачиќ за РТС. Тој оцени дека меѓупартискиот дијалог меѓу власта и дел од опозицијата, кој не сака учество на странци, добро напредува, но дека „втората патека доцни и заостанува далеку зад првата“. Претседателот на српското опозициско движење Двери, Бошко Обрадовиќ денеска изјави дека дијалогот меѓу власта и опозицијата во моментов е во застој, бидејќи се чека предлог на работниот документ за изборните услови, кој треба да пристигне до крајот на август од делегацијата на Европскиот парламент (ЕП). Обрадовиќ за агенцијата Бета изјави дека веројатно ова е причина поради која доцни последната средба во српскиот Парламент, бидејќи власта сака прво да го види предлогот на работниот документ од ЕП, а потоа да одговори на барањата на опозицијата во поглед на дијалогот што се води без странски посредници. - Опозицијата, секако, треба да продолжи да инсистира на тоа на двете патеки на дијалогот, оцени претседателот на Двери. Тој рече дека Владата била „заплеткана“ во овие две патеки и „во моментов изгледа како да не знае што понатаму“. - Сепак, времето брзо истекува и остануваат најмногу 30 дена се да се заврши бидејќи заедничкиот договор за завршување на дијалогот и се што е договорено да се примени беше најдоцна шест месеци пред изборите. Тоа е крајот на септември, имајќи предвид дека изборите се очекуваат кон крајот на март или почетокот на април, изјави Обрадовиќ. Според него, „ослободувањето“ на медиумите е клучно за опозицијата, „пред се јавните медиумски сервиси и телевизии со национална фреквенција за критикување на власта, различно мислење и глас на опозицијата“. об/паг/

Остани поврзан