• среда, 18 декември 2024

Дачиќ: Не сум задоволен од резултатите на изборите, мислам дека СПС треба да најде нов лидер

Дачиќ: Не сум задоволен од резултатите на изборите, мислам дека СПС треба да најде нов лидер

Белград, 18 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека не е задоволен од резултатите од изборите и дека е подготвен да ја напушти функцијата доколку се утврди дека на социјалистите им треба нов лидер.

-Презедов партија која имаше пет проценти, имавме различни резултати во изминатите 17 години откако јас сум претседател на партијата. Овој резултат е, што се однесува до нас, незадоволителен и со СПС ќе разговарам што е најдобро за партијата. Мислам дека е потребно да се најде нов лидер на СПС, рече Дачиќ во првичниот коментар за резултатите од изборите.

Тој им честиташе на Српската напредна партија, на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на претседателот на партијата, Милош Вучевиќ за, како што рече, убедливата победа на сите нивоа и рече дека СПС е подготвена да ја продолжи коалицијата со СНС доколку тие одлучуваат да го направат тоа.

Тој нагласи дека е најважно што изборите минаа во мирна и демократска армосфера:

-Тоа е важно со оглед на најавите од претходните денови, рече Дачиќ.

Лидерот на СПА истакна и дека се подготвени да ја продолжат соработката со СНС на сите нивоа.

-Горд сум на се што направивме добро во коалицијата со напредњаците и со претседателот на Србија. Анализата што треба да се направи треба да се искористи за одлуки за идните насоки на СПС. Во таа смисла, подготвен сум да разговарам за нови кадровски решенија, изјави Дачиќ.

„Политиката е живот и во сето тоа има подеми и падови“, заклучи Дачиќ, кој не одговараше на новинарски прашања. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан