• среда, 18 декември 2024

Дачиќ не верува дека Западен Балкан ќе влезе во ЕУ до 2030 година

Дачиќ не верува дека Западен Балкан ќе влезе во ЕУ до 2030 година

Љубљана, 29 август 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска во Блед изјави дека не верува оти Западен Балкан ќе стане дел од Европската унија до 2030 година.

„ Би бил радосен тоа да е точно. Би бил радосен толку внимание да посветевте во 1990 година пред војната, бидејќи можеби немаше да се случи. И сега се зборува после војната во Украина, нам не ни треба ништо после војната, ни треба нешто пред војна“, рече Дачиќ денеска на панелот на Бледскиот стратешки форум.

Тој додаде дека не верува во претстојната европска интеграција на регионот бидејќи критериумите постојано се менуваат, а не се почитуваат договорите на кои ЕУ е гарант, како што е Договорот од Брисел.

„На секоја конференција учествуваме 10 или 15 години, а на секоја има позната тема - европската интеграција на Западен Балкан, за да ја задоволиме формата.  Нсакоро ќе следат меѓусебни напади врз нас на Запдаен Балкан - ќе кажеме најлошо едни за други така што тие од ЕУ ќе речат дека таму не е ни место, навоистина мислам декла повеќе нема смисла да се организраат вакви собири, а вие од Брисел како да не знаете дека ние сакаме во Евриопската унија, изјави Дачиќ, пренесе БЕТА. зш/

Остани поврзан