• сабота, 23 ноември 2024

Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства

Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства

Белград, 2 јуни 2024 (МИА) - Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека на административниот премин Мердаре е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

„Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК беше спомнат во изјавите на сведоците како учесник во киднапирањето на полицајците Горан Маринковиќ, Живојин Павиќ и Предраг Милошевиќ, што се случи на 19 јуни 1999 година на магистралниот пат Приштина-Гњилане, во близина на местото Лабљан, по што им се губи секаква трага“, се наведува во соопштението на српскиот министер за внатрешни работи.

Дачиќ додаде дека Мустафа ќе биде предаден на Обвинителството за воени злосторства. об/

Остани поврзан