• петок, 27 декември 2024

Датон: Присуството на кинески шпионски брод во Австралија е чин на агресија

Датон: Присуството на кинески шпионски брод во Австралија е чин на агресија
Канбера, 13 мај 2022 (МИА) - Австралискиот министер за одбрана Питер Датон изјави дека присуството на кинескиот шпионски брод кој беше следен кај западниот брег на Австралија е „чин на агресија“ од страна на Пекинг. Австралија минатата недела следеше шпионски брод додека пловеше покрај поморската комуникациска станица Харолд Е Холт во Ексмут, што ја користат австралиските, американските и сојузничките подморници. „Мислам дека тоа е акт на агресија, особено затоа што стигна толку далеку на југ“, рече Датон на прес-конференција, додавајќи дека „бродот бил во непосредна близина на воени и разузнавачки објекти на западниот брег на Австралија“. Во Австралија на 21 мај се одржуваат национални избори, а наводите за закана за националната безбедност од Кина беа главна тема на кампањата. Датон укажа на „чудното време“ на присуството на бродот со оглед на изборната кампања. Бродови на кинеската морнарица беа следени неколку пати во близина на северниот и источниот брег на Австралија во последниве години. Датон рече дека Австралија воведе пракса на информирање на јавноста за присуството на бродови на кинеската морнарица. паг/  

Остани поврзан