• среда, 25 декември 2024

Дарувањето животинска крв го спасува животот на други миленичиња

Дарувањето животинска крв го спасува животот на други миленичиња

Лондон, 21 ноември 2022 (МИА) - Сопствениците на кучиња обично не размислуваат за крводарителство сѐ додека не се појави ситуација кога им треба крв. Така, во Велика Британија веќе со години има банка за крв за кучиња.

Мејбел е шестгодишно тркачко куче од Велика Британија, но важи и за „шампион-крводарител“ којшто помага преку „Пет блад банк УК“ (Pet Blood Bank UK). Нејзината сопственичка, Џулија Пертон вели дека одењето во банката за крв ѝ станало омилено „излегување надвор“ бидејќи е опкружена со луѓе кои ѝ оддаваат почести. - Таа го сака тоа. Целиот процес трае околу 10 минути... Видов со свои очи колку е тешко да се добие крв - само од некој што го познаваш, можеби член на семејството или пријател, и ако беше потребна трансфузија за викенд или преку ноќ, тоа беше речиси невозможно, изјави Пертон за „Гардијан“. Дарувањето животинска крв во Обединетото Кралство вклучува задолжителен ветеринарен преглед. Кучето дава приближно 450 мл. крв, па како награда, добива кучешки чај и бисквити по дарувањето, како и играчка како подарок. „Пет блад банк УК“ е засега единствената добротворна банка за крв за животни во земјата.  си/

Остани поврзан