• четврток, 26 декември 2024

ДАРТ успешно се судри со астероид

ДАРТ успешно се судри со астероид
Вашингтон, 27 септември 2022 (МИА) – Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Тоа беше историска мисија бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот. Последните моменти пред судирот ги снимила камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот. Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО - што е името на НАСА за објект блиску до Земјата,  астероид или комета,  што може да се приближи до орбитата. ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да го смени движењето на опасен објект со цел да се спречи истиоот да удри во Земјата, изјави директорот на вселенската мисија Томас Зурбухен. Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на големи закани НЕО, најмалку 30 до 50 метри, што  кои би можеле да ја оштетат површината на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти. Астрономите моментално не знаат дали Земјата е загрозена од НЕО, но астероид пред околу 66 милиони години остави огромен кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан и можеби го предизвикал изумирањето на диносаурусите. Вселенското летало ДАРТ е тешко 610 килограми со димензии 1,8 на 2,6 метри, а беше лансирано во ноември 2021 година од Калифорнија со ракетата Фалкон 9 на компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX). Леталото удри во астероидот Диморфос со брзина од 6,6 километри во секунда. ми/ https://www.youtube.com/watch?v=CkUf_dAHpAs

Остани поврзан