• четврток, 26 декември 2024

Дарманин: Припадник на француската жандармерија е убиен во Нова Каледонија

Дарманин: Припадник на француската жандармерија е убиен во Нова Каледонија

Пaриз, 16 мај 2024 (МИА) - Еден припадник на француската жандармерија е убиен при „случаен истрел“ денеска на француската територија на Тихиот Океан, Нова Каледонија, погодена од немири, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин за француските медиуми.

„Припадникот не беше убиен од непријателски истрел“, додаде извор информиран за инцидентот, со што бројот на загинати во немирите од понеделникот се искачи на пет, вклучувајќи и двајца припадници на жандармеријата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан