Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје
- Дваесет и четири годишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин.
Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - Дваесет и четири годишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин.

Митровиќ беше најсреќниот меѓу 160 пријавени се пријавени за фаќање на крстот што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.
Манифестацијата почна со богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ од каде и се упатија богојавленските литии на локацијата за централното одбележување.мд/лв/
фото: МИА