• недела, 29 декември 2024

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова победници на третата „Трка на поезијата“

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова победници на третата „Трка на поезијата“

Струга, 21 мај 2023 (МИА) - Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, повторно е победник на 10 километарската трка на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“. Во женска конкуренција 10-те километри прва ги истрча Адријана Поп Арсова.

Втори на целта беа Тирон Мамуша и Биљана Кираџиева, додека третото место во оваа категорија им припадна на Муџахид Мислими и Марина Домазетовска.

На пет километарската трка најбрз од мажите беше Никола Павлов, а во женска конкуренција Николина Милевска. Второто место им припадна на Дамјан Малиновски и Тамара Попов, а трети беа Григоријан Никовски и Анастасија Ристова.

Годиншаното издание на „Трка на поезијата“, како што истакна за МИА Марјан Туртурот, дел од организацискиот одбор, учествувале околу 900 натпреваручави од 11 држави во категориите од 5 и од 10 километри. Додека вчера на детската трка, наречена „Боград детска трка“, која беше посветена на децата со ретки болести се натпреваруваа 300 дечиња во пет категории.

- Успешно заврши третото издание на „Трка на поезијата“ во Струга. Учество зедоа околу 1.200 тркачи. Оваа манифестација го крена нивото на атлетиката и спортот воопшто во градот на поезијата. Многу рекреативци почнуваат да се занимаваат со атлетика, истакна Туртурот.

Здружението „Спортски мостови“, како што информира, склучило договор со Струшките вечери на поезијата, со цел конкурсот за необјавена поетска творба во иднина да се прошири на меѓународно ниво. сс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан