• сабота, 23 ноември 2024

Дански државјанин го прекршил полицискиот час во Тетово

Дански државјанин го прекршил полицискиот час во Тетово

Тетово, 5 април 2021 (МИА) - Две лица, од кои еден е државјанин на Данска, се приведени откако биле затекнати во движење и со тоа го прекршиле полицискиот час ноќеска во тетовскиот регион.  Полицајци вчеравечер во 23 часот и 40 минути, на локален пат Жилче-Прељубиште ги лишиле од слобода двајцата кои се движеле со патниќко возило „цитроен“.

-Полициските службеници ги привеле 26-годишно лице од тетовско Шемшово и 25-годишен дански државјанин, кои се превезувале во патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, а кои го прекршиле полицискиот час. Ним по целосно расчистување на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие од 7 часот во недела 4 април до утринава во 7 часот за неносење заштитни маски на 34 лица им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. ас/сст/

Остани поврзан