Данскиот принц Јоаким изрази незадоволство од одземањето на титулите на неговите деца
- Прашан - како оваа одлука влијаела на меѓусебниот однос со неговата мајка, кралицата, принцот накратко рече дека не треба подробно да го објаснува тоа.

Копенхаген, 30 септември 2022 (МИА) - Данскиот принц Јоаким проговори по одлуката на неговата мајка, кралицата Маргарета Втора, да ги лиши своите деца од кралски титули.
- Јас имав пет дена... Добив известување - да им кажам на моите деца дека ќе им биде одземен идентитетот на Нова година. Многу сум тажен бидејќи гледам колку се вознемирени и не разбираат што им се случува, изјави принцот за данските медиуми. [caption id="attachment_1779551" align="aligncenter" width="765"]
