• понеделник, 02 септември 2024

Данска ја освои бронзата на Европското ракометно првенство

Данска ја освои бронзата на Европското ракометно првенство
Будимпешта, 30 јануари 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Данска го освои третото место на Европското ракометно првенство. Данците до бронзата дојдоа попладнево по победата во Будимпешта над Франција со 35:32 остварена по продолженија. По основните 60 минути резултатот беше нерешен 29:29, а во дополнителните десет минути Данска постигна шест голови, Франција само три. Големото финале е закажано за 18 часот исто така во Будимпешта. Во дуелот за златото ќе се соочат Шведска и Шпанија. зс/

Остани поврзан