• среда, 18 декември 2024

Данска со нова воена помош за Украина

Данска со нова воена помош за Украина

Копенхаген, 19 октомври 2024 (МИА) – Министерството за одбрана на Данска соопшти дека Копенхаген одобрил нов пакет воена помош за Украина во висина од 2,4 милијарди круни (околу 350 милиони долари).

Најновиот пакет помош за Украина вклучува оружје од данските резерви, финансирање на системи за противвоздушна одбрана со Германија и од Меѓународниот фонд за Украина (ИФУ), предводен од Велика Британија.

Дел од средствата ќе бидат наменети за проширена програма на обука на украинската армија.

- Владата работи на донесување одлука за понатамошни набавки директно од украинската одбранбена индустрија, вклучително и во областа на беспилотните летала, истакна данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Неодамна Данска одлучи да издвои речиси 630 милиони долари за украинската одбранбено производство.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Данска има одобрено 21. Пакет воена помош за Киев. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан