• сабота, 27 јули 2024

Данска противник на македонските одбојкари во финалето на Европската сребрена лига

Данска противник на македонските одбојкари во финалето на Европската сребрена лига
Струмица, 6 јуни 2021 (МИА) - Македонската одбојкарска репрезентација денес во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, ќе игра против Данска. Во вториот полуфинален натпревар, што се одигра синоќа, Данците беа подобри од Унгарците совладувајќи ги со 3:1 во сетови. Вчера во првиот полуфинален натпревар нашите најдобри одбојкари ја победија репрезентацијата на Хрватска со 3:2 во сетови. Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, а претходно (17 часот) во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска. рт/зс/

Остани поврзан