• понеделник, 23 декември 2024

Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против воени цели во Русија

Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против воени цели во Русија

Копенхаген, 30 мај 2024 (МИА) - Данска ја потврди својата дозвола борбените авиони „Ф-16“ што и ги донираше на Украина да можат да напаѓаат воени цели и на руска територија, изјави денеска шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, цитиран од Укринформ.

Расмунсен изјави дека од самиот почеток на процесот на одлучување за авионите „ Ф-16“ за Украина, Данска знаела дека овие ловци и другите капацитети се донирани за одбранара на оваа земја и дека таа може да ги користи против руски воени цели, вклучително и на руска територија. 

Расмусен ова го изјави пред состанокот на Советот за надворешни работи ​​на ЕУ во Брисел.

-Краткиот одговор е ’да’. Ова не е нова позиција, тоа е дел од нашиот придонес. Кога разговаравме за ова со нашата комисија за надворешни работи во данскиот Парламент, од самиот почеток многу јасно ставивме до знаење дека ова е дел од одбраната, која веројатно ќе вклучува и напади на воени локации на руска територија, истакна данскиот министер.

Данска планира уште ова лето да ги обезбеди првите борбени авиони „Ф-16“,  а Холандија најавува за подоцна - наесен, потсети Укринформ. 

Копенхаген е еден од иницијаторите на таканаречената авионска коалиција за Украина.

Данска пред точно две недели објави нов пакет воена помош за Украина во износ од 750 милиони евра. Пакетот ќе го зајакне воздушниот и артилерискиот потенцијал на Украина. Оваа земја,  исто така, ја истражува можноста за инвестирање во украинската воена индустрија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан