• среда, 25 декември 2024

Данска остана светски првак во ракомет

Данска остана светски првак во ракомет
  Каиро, 31 јануари 2021 (МИА) – Данска ја одбрани титулата светски првак во машкиот ракомет, откако вечерва ја совлада Шведска со 26:24 (13:13) во „скандинавското финале“ на Мундијалот во Египет. Најзаслужни за триумфот на Данците во Каиро беа Микел Хансен со седум голови и фантастичниот Никлас Ландин со дури 15 одбрани. Иако Шведска ја имаше предноста во поголемиот дел од првото полувреме, на пауза се замина се негрешни 13:13. Резултатската неизвесност се провлекуваше до последните 15 минути кога Данците при резултат 20:20 влегоа во серија од 3:0 и на крајот станаа само четвртата репрезентација на која и успеало да ја одбрани титулата светски првак. Претходно таков подвиг направија, на два пати, Франција и Романија, а еднаш светска титула ја одбрани Шведска. Претходно во натпреварот за бронзениот медал, актуелниот европски првак Шпанија триумфираше над Франција со 35:29. ег/

Остани поврзан