Данска одвои повеќе од 280 милиони евра за зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина
- Данска одвои 2,1 милијарди дански круни (повеќе од 281 милион евра) за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

Копенхаген, 19 декември 2024 (МИА) - Данска одвои 2,1 милијарди дански круни (повеќе од 281 милион евра) за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, ова е веќе 23. пакет помош за Украина, се наведува во соопштението на веб-страницата на данското Министерство.
Тој, исто така, вклучува и финансиски придонес за функционирањето на украинските борбени авиони Ф-16. рп/
Фото: МИА архива