• вторник, 20 јануари 2026

Данска нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос поради тензиите за Гренланд

Данска нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос поради тензиите за Гренланд

Копенхаген, 19 јануари 2026 (МИА) – Дански официјални претставници нема да учествуваат на овогодишниот Светски економски форум во Давос поради продлабочување на спорот околу Гренланд, објави американската агенција Блумберг.

- Можеме да потврдиме дека Владата на Данска нема да биде претставена во Давос, изјави организаторот на Форумот за Блумберг.

Од денеска до 23 јануари во швајцарскиот град Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум под слоганот „Духот на дијалогот“. На Форумот ќе присуствуваат околу 3.000 учесници од 130 земји во алпското одморалиште оваа година, ќе има речиси 400 високи политички функционери, вклучувајќи околу 65 шефови на држави и влади како и 850 извршни директори и претседатели на водечките светски компании. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан