• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Данската премиерка денеска во посета на Гренланд 

Данската премиерка денеска во посета на Гренланд 

Копенхаген, 2 април 2025 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен денеска ќе отпатува во Гренланд, каде што ќе се сретне со претставници на новата влада на полуавтономниот остров, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да изразува интерес за анексија на територијата.

Фредериксен го започнува своето тридневно патување помалку од една недела по посетата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој беше пречекан со воздржаност од страна на данските и гренландските власти.

Идниот премиер на островот, Јенс-Фредерик Нилсен, кој ја предводеше победничката коалиција на неодамнешните избори, истакна дека го поздравува доаѓањето на Фредериксен и нагласи дека Данска останува „најблизок партнер на Гренланд“.

Односите меѓу Гренланд и Данска се затегнати поради откритијата за малтретирање на гренландското население за време на колонијалниот период. Меѓутоа, интересот на Трамп за контролирање на островот како дел од геополитичката трка за Арктикот ја поттикна Данска да ги интензивира напорите за подобрување на врските со Гренланд.

Во понеделникот, Нилсен изјави дека Гренланд ќе ги зајакне односите со Копенхаген, додека постепено работи на остварување на својата цел – независност. - Разговорите за анексија и непочитување на суверенитетот се знак на непочитување. Ајде да започнеме со взаемна почит и да изградиме подобро партнерство, порача Нилсен.

Фредериксен, пак, оцени дека народот на Гренланд сам треба да ја одреди својата иднина и ги нарече забелешките на Венс за Данска „неправични“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан