• петок, 27 декември 2024

Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница, во Собранието ќе се носат со европско знаменце

Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница, во Собранието ќе се носат со европско знаменце

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) - Предлог на законот за данокот на солидарност, измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка утре повторно ќе се најдат на владина седница, по што ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце, потврди вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ТВ 24.   

- Ние данокот на солидарност го воведовме дополнително, но не како дел од даночната реформа, туку дополнително затоа што се работи за еднократен данок, што ќе важи само еднаш. Се следи примерот на некои земји во ЕУ.  И препорака беше за земјите членки во ЕУ,  како што е Велика Британија сега не е во ЕУ, но тој пример го користи Украина, Италија, Хрватска и други земји што применија таков закон и ние по широка дебата и дискусија дадовме таков предлог, рече Бесими. . 

Другите два закони, како што додаде, беа дел од даночната реформа. Бесими објасни зошто биле повлечени овие три закони од Собранието. 

-Ние минатата недела преку Влада побаравме да се повлечат овие три закони, затоа што реков од ноември стојат во Собрание, воопшто не е отворена дискусија на Комисијата за финансирање на буџет и веќе беа планирани како ќе се рефлектираат во Буџетот, рече министерот за финансии додавајќи дека нив ги има и во сите директиви, во препораките на ЕК и во сите официјални документи. 

Бесими посочи на денешната одлука на Економскиот совет (Советот за општи работи на ЕУ) којшто ја помина макрофинансиската поддршка за нашата земја - 100 милиони евра кои беа поврзани со програмата што ја имаме со ММФ. 

-Ние сме единствена земја што добиваме ваква буџетска поддршка со поволни услови. Меѓутоа ние потпишуваме Меморандум за соработка со ЕУ токму за тие 100 милиони, рече Бесими потенцирајќи дека токму овие три закони се поврзани со стоте милиони евра поддршка и имаме усогласено директиви поврзани со нив. 

Според него, корисно е во Собрание да се оди со европско знаме и да има дебата. ев/свс/  

ФОТО: Принтскрин

 

Остани поврзан