• недела, 24 ноември 2024

Даниел Крејг заплакал на првото гледање на неговиот последен филм за „007“

Даниел Крејг заплакал на првото гледање на неговиот последен филм за „007“
Лос Анџелес, 16 март 2022 (МИА) - Еден од сценаристите на „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“ (No Time to Die) - Елиот Грејм откри дека Даниел Крејг заплакал откако го гледал последниот филм каде што тој го глуми Џејмс Бонд. За време на доделувањето на британските филмски награди „БАФТА“ во неделата, кога филмот го освои одличјето за најдобра монтажа, Грејм откри уште една тајна. - Ќе раскажам приказна што не требаше да се знае, но Крејг исто така беше вклучен во оваа монтажа. А, ние бевме поканети неколку минути по продуцентите. И одеднаш, Даниел заплака. Можеби затоа што тоа беа 18 години од неговиот живот. А тоа, очигледно, многу му значеше, рече монтажерот. Тој откри и како Даниел бил активно вклучен во процесот на снимање на филмот за 007 и им понудил доста интересни идеи на уредниците. - Постојат глумци кои го разбираат целиот процес. И, тој е еден од нив. Крејг ги поддржува своите каскадери, режисерите, продуцентите и сценаристите. Мина три дена при монтажата со нас и не можеше повеќе да се посвети, рече Грејм. Филмот е номиниран и за три „Оскари“ - за најдобра филмска песна (за „No Time to Die“ на Били Ајлиш), како и за визуелни и звучни ефекти.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=BboMpayJomw

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан