• среда, 25 декември 2024

Дамаск: Турската армија директно учествува во акциите на терористите

Дамаск: Турската армија директно учествува во акциите на терористите
Дамаск, 28 февруари 2020 (МИА) - Турската армија директно учествува во акциите на терористичките групи што ги поддржува во близина на градот Саракиб во провинцијата Идлиб, соопшти денеска сириската армија. Во соопштението се вели дека сириските владини сили ги одвраќале нападите на милитантите и турските сили во областа. Се истакнува и дека милитантите и Турција не ја постигнале целта во Саракиб, поради што Анкара се фокусира на „наводните големи загуби на сириската војска, што не е точно“ и се додава дека сириската армија им нанесува значителни загуби на непријателските сили. Тензиите во Идлиб ескалираа утрово кога Анкара соопшти дека во напад на сириските владини сили загинале 33 турски војници, додека Турција како одговор нападнала повеќе од 200 сириски воени цели. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека милитантите од терористичката организација Џабхат ал-Нусра, која е забранета во Русија, се обиделе да почнат голема офанзива на Идлиб, и оти турските војници кои се нашле под ударот на сириската армија биле меѓу милитантите. јт/

Остани поврзан