• четврток, 26 декември 2024

Дали „Мајкрософт“ ќе ја саботира „Call of Duty“ за „Плејстејшн“?

Дали „Мајкрософт“ ќе ја саботира „Call of Duty“ за „Плејстејшн“?

Лос Анџелес, 24 март 2023 (МИА) - „Сони“ веќе извесно време пројавува загриженост за купувањето на „Активижн близард“ (Activision Blizzard) од страна на „Мајкрософт“, тврдејќи дека тоа во иднина ќе значи послаби верзии на видеоигрите „Call of Duty“ (КоД) за конзолите на „Плејстејшн“.

Меѓу другото, „Сони“ истакна и дека „Battlefield“ не може да се споредува со „КоД“ и дека „Гејм пас“ (Game Pass) значително води во споредба со „Плејстејшн плус“.

Од „Мајкрософт“ велат дека нема причина за грижи. Во своето последно обраќање до британските регулаторни органи, „Мајкрософт“ одговори на поплаките и тврди дека сегашниот предлог ќе ги поттикне креаторите на видеоигри и издавачите на „КоД“ да создадат верзија за „Плејстејшн“ којашто би била оптимизирана за таа платформа.

„'Мајкрософт' ќе го нуди секој можен поттик да развие игра со оптимизирана поддршка за својства на 'Плејстејшн 5', за идните конзоли да ја максимизираат продажбата на таа платформа“, се вели во предлогот.

„Сони“ изрази загриженост поради можноста „Мајкрософт“ да ја зголеми цената на насловите на „КоД“, со истакнат приоритет на верзијата за „Икс-бокс“, што наводно може да донесе неисправни верзии за „Плејстејшн“.  си/јт/

Фото: „Сони“.

Остани поврзан