• среда, 25 декември 2024

Давид Неделковски, производител од Северна Македонија, меѓу наградените со „Slow Cheese“ во Бра

Давид Неделковски, производител од Северна Македонија, меѓу наградените со „Slow Cheese“ во Бра

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Давид Неделковски, производител од Северна Македонија, е меѓу наградените на најголемиот меѓународен настан за сурово млеко, природни сирења и рачно изработени млечни производи „Cheese“, што го организираат Slow Food и италијанскиот град Бра.

Годинашното издание на настанот кое ќе трае до понеделник, 18 септември, ги обединува сточарите, производителите на сирење и ентузијастите, под мотото „Вкусот на ливадите“, а беше отворено денеска. На церемонијата беа доделени наградите „Slow Cheese“ со кои им се оддава почит на сточарите и производителите на сирење кои работат, респелтирајќи ги природата, традицијата и благосостојбата на животните. Станува збор за мали производители кои опстојуваат и покрај сите предизвици.

Неделковски пред повеќе од десет години го напуштил Скопје и се преселил во селото Раштак, каде заедно со своето семејство ја создал фармата „Кози Млеко Планина“. Одгледува алпски и домашни балкански кози и произведува неколку видови свежи или зреени сирења. 

Останатите добитници на „Slow Cheese“ се Тетјана Страмнова од Украина, Џампаоло Гајарин, Филиберто и Леонардо Ваира, Микеле Тотаро, Вито Канио Абате и Марко Вила од Италија, како и Екатерина Причодко и Ерос Скарафони од Украина и Италија. мч/цр

фото: ФБ профил на Давид Неделковски

 

Остани поврзан