• среда, 25 декември 2024

Давид де Хеа би можел да се пресели во Џенова

Давид де Хеа би можел да се пресели во Џенова

Мадрид, 26 јули 2024 (МИА) - Давид де Хеа би можел да потпише со Џенова, објави новинарот Џанлука ди Марцио на социјалните мрежи во петокот.

Триесет и три годишниот поранешен голман на Манчестер Јунајтед изрази подготвеност да се пресели во италијанскиот клуб откако стана слободен играч минатото лето.

Раководството на Џенова во наредните недели ќе треба да одлучи дали ќе го земе поранешниот репрезентативец на Шпанија или ќе се сврти кон други опции.

Тренерот на Џенова, Алберто Џилардино бара чувар на мрежата кој може да игра добро со нозете. Голманот Хосеп Мартинез ги напушти „грифините“ ова лето и се приклучи на шампионот Интер.

Давид де Хеа беше во Јунајтед помеѓу 2011 и 2023 година, а претходно играше за Атлетико Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан