• вторник, 24 декември 2024

Г7 ја повика Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на Навални

Г7 ја повика Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на  Навални

Минхен, 17 февруари 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Тие го изразија своето огорчувањепоради смртта на Навални во затвор, „неправедно осуден за неговите легитимни политички активности и неговата борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, која во моментов претседава со Г7.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД денеска се сретнаа во Минхен.

Руската затворска служба објави дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал во петокот по прошетката во казнената колонија каде издржувал 30-годишна затворска казна. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан