Г7 и партнерските земји ветија дека ќе ја продолжат својата поддршка за енергетскиот сектор на Украина
- Групата Г-7 и другите партнерски земји денеска се обврзаа дека ќе продолжат да го поддржуваат енергетскиот сектор на Украина, вклучително и со снабдување опрема и друга хуманитарна помош во т
Вашингтон, 24 јануари 2023 (МИА) - Групата Г-7 и другите партнерски земји денеска се обврзаа дека ќе продолжат да го поддржуваат енергетскиот сектор на Украина, вклучително и со снабдување опрема и друга хуманитарна помош во текот на зимата. Ова го соопшти американскиот Стејт департмент, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши беа домаќини на виртуелната дискусија, каде што земјите, исто така, ветија дека ќе продолжат да ги усогласуваат напорите за „модернизација и декарбонизација на енергетската мрежа“ на Украина, истакна Стејт департментот. ссм/