• среда, 18 декември 2024

Г7 го поддржува мировниот договор на Бајден и го повикува Хамас да го прифати

Г7  го поддржува мировниот договор на Бајден и го повикува Хамас да го прифати

Лондон, 3 јуни 2024 (МИА) -  Г7 денеска соопшти дека стои зад постојаниот мировен договор на американскиот претседател Џо Бајден и го повика Хамас да го прифати.

„Ние, лидерите на Групата седум (Г7), целосно го поддржуваме планот на Бајден „што ќе доведе до итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на хуманитарната помош за дистрибуција низ Газа, и траен крај на кризата, со загарантирани безбедносни интереси на Израел и цивилна безбедност во Газа“, се вели во соопштението. зш/

Остани поврзан