• недела, 24 ноември 2024

Гутереш: Невработеноста меѓу младите е алармантна во светот

Гутереш: Невработеноста меѓу младите е алармантна во светот
Женева, 25 февруари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го претстави глобалниот акциски план во врска со човековите права, порачувајќи им на владите на земјите во светот итно да ги стават во фокусот на својата работа доколку сакаат да обезбедат стабилност, економски раст и иднина за целата планета. Гутереш го претстави планот на отворањето на 43-та седница на Советот за човекови права на ОН во Женева затоа што, како што рече, тие се сериозно изложени на ризици и напади во многу земји. - Луѓето се сериозно исклучени и дискриминирани. Расте стравот. Поделбите се се поголеми. Луѓето сакаат да знаат дека сме на нивна страна, рече Гутереш. Во неговиот акциски план е наведено дека земјите мора ефикасно да ги штитат човековите права во период на криза, терористички напади и природни катастрофи. Гутереш исто така предупреди дека новите технологии многу често се користат за кршење на правата и приватноста, повикувајќи на поголема борба против надзорот, кибер-нападите и ширењето на омразата. Тој истакна и дека треба да се преземат одредени мерки за да се намали високата невработеност кај младите луѓе во светот. - Ние сме свесни дека глобалниот глад е во пораст, а невработеноста кај младите е алармантна, рече Гутереш. Инаку, 43. седница на Советот за човекови права на ОН завршува на 20 март. паг/

Остани поврзан