• четврток, 26 декември 2024

Гутереш ја поздрави иницијативата на Бајден за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа

Гутереш ја поздрави иницијативата на Бајден за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа

Њујорк, 1 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја поздрави иницијативата за прекин на огнот и ослободување на затворениците во Појасот Газа, претставена од американскиот претседател Џо Бајден.

„Сведоци сме на премногу страдања и уништувања во Газа. Време е да престанете. Ја поздравувам иницијативата на американскиот претседател Џо Бајден и ги охрабрувам сите страни да ја искористат оваа можност за прекин на огнот, ослободување на сите заложници, гарантиран непречен хуманитарен пристап и на крајот траен мир на Блискиот Исток“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Х.

Планот, претставен од Бајден, предвидува шестнеделен прекин на огнот, преговори за условите за траен прекин на непријателствата и обнова на Газа.

Палестинските здравствени власти проценуваат дека повеќе од 36.000 луѓе загинале во конфликтот во Газа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан