• среда, 25 декември 2024

Гутереш ја повика војската во Мјанмар да ја прекине репресијата

Гутереш ја повика војската во Мјанмар да ја прекине репресијата

Њујорк, 21 февруари 2021 (МИА) - Шефот на ООН, Антонио Гутереш денеска се изјасни против „бруталната сила“ што ја користеа оние што стојат зад пучот во Мјанмар и ја повика армијата веднаш да ја прекине репресијата и да ги ослободи затворениците.

- Денеска ја повикувам војската во Мјанмар веднаш да ја прекинат репресијата. Ослободете ги затворениците. Престанете со насилството. Почитувајте ги човековите права и волјата на луѓето изразени на неодамнешните избори, рече Гутереш пред Советот за човекови права на ООН во видео порака. паг/

Остани поврзан