• среда, 25 декември 2024

Гутереш ја осуди меѓународната заедница за неуспех во заштитата на цивилите во вооружените конфликти

Гутереш ја осуди меѓународната заедница за неуспех во заштитата на цивилите во вооружените конфликти

Њујорк, 24 мај 2023 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го осуди „неуспехот“ на меѓународната заедница да ги „заштити“ цивилите од вооружени конфликти. 

Бројот на жртви во конфликтите и хуманитарните последици од тие конфликти низ светот меѓу 2021 и 2022 година се зголемија за повеќе од 50 проценти.

-Вистината е страшна: светот не ги исполнува своите обврски за заштита на цивилите, обврска загарантирана со меѓународното хуманитарно право, изјави синоќа Гутереш пред Советот за безбедност.

Состанокот на Советот за безбедност се одржа на барање на мајскиот претседавач- Швајцарија, за да се разговара за извештајот на генералниот секретар за „заштита на цивилите во вооружени конфликти“.

Според документот, „во 2022 година, ОН забележале најмалку 16.988 цивилни жртви во 12 вооружени конфликти, што е зголемување за 53 отсто во споредба со 2021 година“.

-Само во Украина, Обединетите нации имаат податоци за 7.957 убиени цивили и 12.560 повредени, иако овие бројки се веројатно поголеми, рече Гутереш пред СБ на ОН во Њујорк. сд/

Остани поврзан