• недела, 24 ноември 2024

Гутереш: САД и Иран да соработуваат на нукеларниот договор

Гутереш: САД и Иран да соработуваат на нукеларниот договор
Њујорк, 28 јануари 2021 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика денеска САД и Иран заедно да работат на надминување на застојот во примената на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, додавајќи дека не очекува брзо решавање на тоа прашање. Новата американска администрација на Џо Бајден изрази подготвеност повторно да се ангажира и да ги врати САД во договорот, од кој оваа држава излезе за време на Доналд Трамп. Меѓутоа Вашингтон и Техеран очекуваат другата страна да го направи првиот чекор. - Има многу работа... Не очекувам брзо решение, истакна Гутереш на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за можно посредување на ОН. Гутереш нагласи дека сите држави-потписнички на тој договор и останатите заитересирани страни треба заедно да работат на намалување на неизвесноста и да ги надминат проблемите. Договорот, чиј официјален назив е Заеднички сеопфатен акциски план, го потпишаа во јули 2015 година во Виена, Иран и Групата 5 плус 1, која ја сочинуваа петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) и Германија како потписничка во името на ЕУ. САД во мај 2018 година еднострано се повлекоа од договорот со Иран и престанаа да учествуваат во сите активности кои овој акт ги предвидува. Иран по повлекувањето на САД почна да не ги исполнува своите обврски од договорот. гт/

Остани поврзан