• среда, 27 ноември 2024

Гутереш: Сè поголеми предизвици, а сè помали адекватни одговори

Гутереш: Сè поголеми предизвици, а сè помали адекватни одговори
Минхен, 19 февруари 2021 (МИА) - Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш вели дека светот денес се соочува со глобални предизвици кои стануваат сè поголеми и посложени, додека одговорите на нив се сè повеќе расцепкани и неадекватни. - Пандемијата на Ковид ги зголеми разликите и поделбите во светот, рече Гутереш на годинашното специјално издание на Конференцијата за безбедност во Минхен, додавајќи дека во исто време борбата за правата на жените направи чекор назад, а дискриминацијата и корупцијата се зголемија на глобално ниво . Гутереш исто така истакна дека се доведени во прашање глобалните цели за одржлив развој. - Во 2021 година треба да се вратиме на вистинскиот пат, а заздравувањето од пандемијата треба да биде основа, рече тој, додавајќи дека вакцините против Ковид треба да бидат достапни за секого. Според него, земјите треба да споделуваат дози на вакцини и да го користат Ковакс механизмот за сите, а производството треба да се зголеми двојно. Тој изрази надеж дека Г-20 е добра платформа за тоа, што треба да создаде механизам за забрзување на целиот процес на производство и дистрибуција на вакцините. - Сега е време за солидарност, да се соочиме со уште поголеми глобални предизвици. Ако само ги вакцинираме развиените земји, а остатокот од светот го оставиме без вакцини, вирусот ќе мутира и вакцините може да не бидат ефикасни. Затоа мора да ги вакцинираме сите, без разлика каде се наоѓаат и тоа е итна задача, истакна Гутереш. паг/

Остани поврзан