• сабота, 23 ноември 2024

Гутереш: Признавањето на сепаратистичките територии е повреда на украинскиот суверенитет

Гутереш: Признавањето на сепаратистичките територии е повреда на украинскиот суверенитет
Њујорк, 21 февруари 2022 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вечерва изјави дека одлуката на Русија да ја признае независноста на украинските сепаратистички територии Доњецк и Луганск ја смета за „кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“. Тоа е „некомпатибилно со принципите на Повелбата на ОН“, додаде генералниот секретар на ОН во својата првична реакција. „ОН, во согласност со резолуцијата на Генералното собрание, продолжуваат целосно да го поддржуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, додаде Гутереш. Генералното собрание на ОН треба в среда да го одржи својот годишен состанок за „привремената окупација“ на Украина по руската анексија на Крим во 2014 година. Генералниот секретар во својата реакција „ги повика сите засегнати страни да ги фокусираат своите напори на итен прекин на непријателствата“ и на „заштита на цивилите и цивилната инфраструктура“, истакнувајќи дека дипломатијата е клучна за решавање на кризата. сд/

Остани поврзан