• среда, 18 декември 2024

Гутереш: По војната и паѓањето на режимот, народот на Сирија има можност да изгради стабилна и мирна иднина

Гутереш: По војната и паѓањето на режимот, народот на Сирија има можност да изгради стабилна и мирна иднина

Вашингтон, 8 декември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека по 14 години брутална војна и паѓање на диктаторскиот режим, „денес народот на Сирија може да ја искористи историската можност да изгради стабилна и мирна иднина“.

„Иднината на Сирија мора да ја одлучи сирискиот народ, а мојот специјален пратеник ќе работи со нив за таа цел. Има многу работа што треба да се направи за да се обезбеди уредна политичка транзиција кон обновените институции. Го повторувам мојот повик за смиреност и избегнување насилство во овој чувствителен момент, притоа заштитувајќи ги правата на сите Сиријци“, рече Гутереш во изјава објавена на веб-страницата на ОН.

Гутереш нагласи дека „неприкосновеноста на дипломатско-конзуларните претставништва и персоналот мора да се почитува во сите случаи, во согласност со меѓународното право“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан