• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гутереш: Потребен е итен и праведен мир во Украина

Гутереш: Потребен е итен и праведен мир во Украина

Њујорк, 23 февруари 2025 (МИА) - Ден пред третата годишнина од руската инвазија врз Украина, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен крај на војната.

- Повторно ја истакнувам итната потреба од праведен, одржлив и сеопфатен мир – мир кој целосно ќе го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, изјави Гутереш.

Украина утре ќе биде во фокусот на дебатите во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, особено во контекст на новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара начин да ја заврши војната со одредени отстапки кон Русија.

- Осумдесет години по крајот на Втората светска војна, војната во Украина претставува сериозна закана не само за мирот и безбедноста во Европа, туку и за самите темели и клучни принципи на Обединетите нации, предупреди Гутереш.

Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, почнувајќи војна што доведе до десетици илјади жртви од двете страни на фронтот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан